НБРМ: Економските основи позитивни, но има ризици од политичките случувања

Скопје, 12 април 2017 (МИА) - Комитетот за оперативна монетарна политика на НБРМ оценува дека стабилноста на економските основи се позитивни, но оти ризиците од домашните политички случувања и понатаму постојат и се изразени.
Според Комитетот објавените податоци за растот на БДП за 2016 година од 2,4 отсто се во согласност со проекцијата на НБРМ од 2,3 отсто. За првиот квартал од годината, како што наведуваат во соопштението, се очекува задржување на позитивната динамика на раст на БДП, но истакнуваат дека бројот на вискофреквентни показатели е ограничен, односно дека дел од клучните показатели се достапни само за јануари. При тоа некои од нив бележат движења во различни насоки, поради што, наведуваат од НБРМ се зголемува неизвесноста околу оцената за состојбата во економијата во првиот квартал од годината.
- Очекувањата на економските субјекти и натаму се релативно стабилни, а оцените за стабилноста на економските основи сѐ уште се позитивни. И покрај падот на девизните резерви во првиот квартал, на девизниот пазар се задржани поволните движења, при што во првите три месеца од годината, збирно, НБРМ интервенира со мал нето-откуп на девизи. Девизните резерви и понатаму се на адекватно ниво, посочуаат од НБРМ.
Додаваат дека ликвидноста на банките во март продолжи да се зголемува, со поумерена динамика и главно под влијание на сезонски пониската побарувачка за готовина во економијата. Со оглед на постојаниот раст на ликвидните средства во изминатиот шестмесечен период, Народната банка во март повлече значителен дел од вишокот ликвидност преку основниот инструмент ‒ благајничките записи. Заради надоместување на краткорочните потреби за ликвидност, банките во март имаа зголемена активност на пазарите на пари, каде што покрај со необезбедени депозити, е тргувано и на секундарниот пазар на хартии од вредност, преку склучување дефинитивни и репо-трансакции.
Според првичните податоци за март 2017 година, како што наведуваат од НБРМ, штедењето на населението во првиот квартал во однос на крајот на 2016 година е непроменето, додека кај претпријатијата во март забележуваат месечен раст кој не е доволен за надоместувањето на намалуавањето кај населението.
Првичните податоци заклучно со март за кредитната активност покажуваат раст на кредитите на месечна и на годишна основа и задржување на трендот на поизразено кредитирање на секторот „население“. Сепак, како што стои во соопштението, последните податоци за кредитната активност упатуваат на послаби остварувања во однос на проектираните за првиот квартал на 2017 година, согласно октомвриската проекција.
Податоците за девизните резерви во март покажуваат пад во однос на крајот на 2016 година, во еден дел како резултат на фактори од привремен карактер. Сите показатели за адекватноста на девизните резерви укажуваат дека тие постојано се движат во сигурната зона. Во однос на показателите од надворешниот сектор, за почетокот на годината се достапни податоци за менувачкиот пазар за првиот квартал, коишто упатуваат на малку пониски нето-приливи од приватните трансфери во однос на очекувањата. Воедно, и последните расположливи податоци за надворешната трговија за првите два месеца од 2017 година упатуваат на отстапување, односно на малку повисок трговски дефицит во однос на очекуваниот. Сепак, краткиот период и променливата сезонска динамика се ограничувачки фактор за донесување посигурни заклучоци во однос на очекувањата за целото тримесечје.
На седницата на Комитетот е утврдено дека во март, банките во трансакциите со клиентите на девизниот пазар оствариле нето-продажба на девизи, кшто главно е одраз на сезонски повисоката побарувачка за девизи од страна на фирмите. Банките ја надоместиле побарувачката за девизи од сопствени извори, што условило неутрална позиција на Народната банка во интервенциите на девизниот пазар. Со остварувањата во март, во првиот квартал од годината интервенциите на Народната банка на девизниот пазар се однесуваат на умерен нето-откуп на девизи од банките поддржувачи во износ од 2,8 милиони евра, наспроти нето-продажбите од 17,2 милиона евра во истиот период 2016 година. Овие подобри остварувања се забележани и покрај повисоката нето-продажба на девизи за потребите на клиентите, главно фирми и нерезиденти, којашто целосно е надоместена од добрата девизна ликвидност на банките.
НБРМ најавува дека и во следниот период внимателно ќе ги следи движењата, а идните промени во монетарната политика во голема мера ќе бидат условени од понатамошното стабилизирање на домашниот политички амбиент.
На седницата на Комитетот е одлучено дека во услови на сѐ уште присутни ризици од домашните политички случувања, каматната стапка на благајничките записи се задржува на нивото од 3,25 отсто. Со оглед на стабилизирањето на потенцијалната ликвидност на банките, е одлучено на аукцијата којашто ќе се одржи на денеска, понудата на благајнички записи да биде на ниво на достасаниот износ и да изнесува 30.000 милиони денари.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...