Иванов на Светски економски форум за Блискиот Исток и Северна Африка во Аман

Скопје, 20 мај 2017 (МИА) - Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска ќе престојува во работна посета на Хашемитското Кралство Јордан по повод учеството на Светскиот економски форум за Блискиот Исток и Северна Африка, што се одржува во Аман.

Иванов, како што соопшти неговиот Кабинет, ќе учествува на пленарната сесија на свеченото отворање на Светскиот економски форум за Блискиот Исток и Северна Африка и на сесијата на тема „Заштита на бегалци: наша морална одговорност“.

Во рамки на работната посета, претседателот Иванов ќе оствари билатерална средба со кралот на Хашемитското Кралство Јордан, Абдула II, како и повеќе билатерални средби со учесниците на форумот.

На Светскиот економски форум за Блискиот Исток и Северна Африка е најавено учество на над 1.000 политички лидери, претставници од бизнис секторот и цивилното општество, од повеќе од педесетина држави.

Темите на дискусија на форумот се однесуваат на улогата на Кралството Јордан во регионот, економските перспективи на земјите од овој регион, промените во геополитиката и хуманитарните предизвици во однос на состојбите во Сирија, Ирак и Либија, како и актуелната мигрантската криза.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...