Синдикатите против назначување економски вицепремиер од бизнис заедницата

Скопје, 24 мај 2017 (МИА) - Вкупно 13 синдикални организации, во отворено обраќање до мандарот за состав на новата влада, денеска соопштија дека се против идејата економски вицепремиер да биде претставник од бизнис заедницата.
Ваквиот став на синдикалците е преточен во т.н. Повелба за солидарност на синдикатите и сите пријатели на работниците во Македонија.
Според нив, за Македонија да тргне по вистинскиот пат на развојот, мора да има промена во економските политики, но не во насока на, како што наведуваат, уште поголемо фаворизирање на бизнисот, туку во спротивна насока, на градење поинклузивно општество.
- По повод најавите кои се пласираат во јавност деновиве, дека вицепремиер за економски прашања во новата влада ќе биде претставник од бизнис заедницата, сакаме да го изразиме нашето силно противење на оваа идеја. Сите влади кои ги имала независна Македонија биле на страната на бизнисот. Но, ваквата про-бизнис ориентација беше особено изразена за време на изминатите 11 години. Не случајно главната перјаница на владеењето на Никола Груевски беше искачувањето на Македонија на Дуинг Бизнис листата и
тоа што таа го достигна 10. место во светот, стои во повелбата.
Ваквите политики, во комбинација со, како што велат синдикалните здсруженија, ниските и рамни даноци, кратењето на работничките права, уништувањето на образованието и распространетата корупција, доведоа во Македонија денес да има предаторски општествен систем во кој успеваат само моќните и богатите.
- Заради таквиот систем во времето на Груевски, Македонија стана рекордер во Европа по сиромаштија, социјална раслоеност и смртност на работници, а стапките на економски раст беа пониски отколку за времето на претходните две влади. Владата и бизнис заедницата имаат различни интереси кои понекогаш и се преклопуваат, но во поголем дел од времето се спротивни едни на други. Заради тоа владата и бизнис заедницата се одвоени, исто како што се одвоени државата и црквата. Меѓу нив треба да постои соработка, ама таа соработка е на ниво на трипартитен дијалог канализиран преку Економско-социјалниот совет, во кој, покрај владата и бизнис секторот, се вклучени и синдикатите. Поради сите овие причини, силно се противиме на идејата за именување вицепремиер од бизнис секторот, децидни се синдикалците.
Потписници на Повелбата за солидарност се Синдикат на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ), Синдикатот на македонската дипломатска служба (СМДС), Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ), Левичарското движење Солидарност, Движењето за социјална правда Ленка, Синдикатот на културата на Република Македонија (СКРМ), Мултиетничкиот синдикат на образование (МЕСО), Конфедерацијата на синдикалните организации на Македонија (КСОМ), Независниот академски синдикат (НАкС), Младинската организација Мугра, АГРО Синдикатот, Тивкото мнозинство ГЛАСНО (Штип) и Достоинствен работник (Прилеп).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...