Откупувачите не ги почитуваат договорените цени, реагираат земјоделците

Дел од откупувачите не ги почитуваат склучените договори со производителите и отстапуваат од утврдената цена, велат земјоделците.

Според претседателот на Асоцијацијата на земјоделците на Македонија Ефтим Шаклев, проблеми со договорите има во поледелството, градинарството, млекарството,...

Некои од преработувачите дури и го откажале откупот на млекото во целост, а други нудат пониски цени.

- Секој ден има проблеми со градинарството каде што е во тек откупот. Сведоци сме на непочитување на договорените цени од страна на откупувачите. Откупните цени се менуваат еднаш во неделата, но тоа не се почитува од дел од откупувачите. На тоа треба да им се укаже, изјави Шаклев.

Во однос на млекото, дополни, откупот во некои региони е целосно откажан.

- Имаме два проблема, некои од преработувачите го откажаа откупот, а некои нудат минимална цена, за кравјото 14 - 17 денари наместо најмалку 20, а за овчото 30 наместо 40 денари. Има многу неправилности, рече Шаклев.

Земјоделците очекуваат соработка од новиот ресорен министер Љупчо Николовски, средби во најскоро време и поддршка, како што велат, за надминување на проблемите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...