СБ прогнозира 2,7 отсто раст на глобалната економија оваа година

Вашингтон, 5 јуни 2017 (МИА) - Светската банка прогнозира дека глобалната економија ќе забележи раст оваа и следната година благодарение на стабилните цени на стоките и на растот на глобалната трговија.
Банката прогнозира раст од 2,7 отсто на глобалната економија оваа година и на 2,9 отсто во 2018 година. Во 2014 година растот беше 2,4 отсто.
Прогнозата на СБ е 2,1 отсто раст на економијата на САД оваа година во споредба со 1,6 отсто во 2016 година.
Во еврозоната, која обединува 19 држави растот е 1,7 отсто или помалку од лани, кога изнесуваше 1,8 отсто. Економијата на Јапонија ќе има раст од 1,5 отсто во споредба со еден отсто минатата година.
Економијата на Кина ќе продолжи да се забавува од 6,7 отсто раст лани, на 6,5 отсто оваа година и 6,3 проценти во 2018 година.
СБ предупредува за ризиците од протекционизам, геополитички конфликти и евентуалните финансиски последици од очекуваното зголемување на каматите во САД.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...