Германија загубила над 30 милијарди евра од финансиски манипулации

Берлин, 8 јуни 2017 (МИА) - Германската држава во последниве 16 години загубила речиси 32 милијарди евра поради манипулации од страна на банкари и брокери, даночни затајувања и повраток на данок, се наведува во извештај на професорот на Универзитетот во Манхајм, Кристоф Шпенгел.
Во извештајот, чии делови објави весникот „Цајт“, се тврди дека најголем дел од парите се загубени поради банкарските и брокерски практики со кои германските банки позајмуваат на акции од странски инвеститори пред исплати на дивиденда, со што ја користат законската можност да не плаќаат давачки затоа што се третираат како домашни компании кои се ослободени од данок на дивиденда.
- Со вакви и слични практики само меѓу 2005 и 2012 година биле загубени над седум милијарди евра, тврди професорот Шпенгел.
Како што јави дописникот на МИА од Берлин, овие практики во Германија беа забранети во 2012 година.
Јавниот обвинител во Келн веќе започна истрага за ваквата криминалната мрежа, што се смета за еден од најголемите даночни скандали во Германија, која досега покажува дека во злоупотребите биле вклучени десетина финансиски корпорации во Лондон.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...