Грција и понатаму главен инвеститор во албанската економија

 Независно од повеќегодишната криза во Грција таа и понатаму останува главен инвеститор и партнер во албанската економија, соопшти Централна банка на Албанија и Канцеларијата за економија и трговија на Амбасадата на Грција во Тирана.

- Последната официјална статистика на Централна банка на Албанија потвдува дека на крајот на првото полугодие од годинава вредноста на имотот што го поседуваат грчките компании во албанската економија е над нивото од 1,2 милијарди евра или околу 25 отсто од вкупните странски инвестиции во земјата.

На второ место се холандските компании со 870 милиони евра.

Вкупните директни странски инвестиции во албанската економија, на крајот на првиот квартал годинава достигнуваат 5,8 милјарди евра. Станува збор за инвестции вложувани со години наназат.

Странците најмногу инвестирале во информатичко-комуникацискиот сектор, кој главно, вклучува инвестиции во телефонски компании, но исто така и во колцентари со над 1,2 милијарди евра. Секторот на индустријата за гас и електрична енергија, која опфаќа инвестиции во вредност од над милјарда евра се насочени во хидроцентрали, дадени под концесија како и трансјадранскиот гасовод (ТАП). Третиот сектор се финансиите каде се инвстирани 952 милони евра.

Според Централната банка на Албанија директните странски ивестиции историски рекорд забележале минатата година достигнувајќи износ од милијарда евра.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...