Бочварски: Владата на СДСМ ги намалува катастарските трошоци до 50 отсто

Скопје, 26 август 2017 (МИА) - Владата предводена од СДСМ покрај враќањето на евтината дневна тарифа на струјата, со којашто на граѓаните им се овозможуваат заштеди и пониски сметки за струја, покрај укинувањето на радиодифузната такса, ги намалува и катастарските трошоци до 50 отсто, рече на денешната прес-конференција потпретседателот на СДСМ Благој Бочварски.

Дополнително, од 1-ви септември, како што рече, ќе стартува укинувањето на двојното плаќање во случај кога некој одбиен предмет по пријава на странка треба по втор пат да се поднесува.

Според него, станува збор за 100 отсто олеснување на граѓаните, деловните луѓе и останатите корисници на катастарски услуги.

- До сега, во случај кога некој предмет по пријава на странка беше одбиен, заради постоење на било каква грешка, независно од било која страна, граѓаните беа принудени при повторното поднесување на предметот по втор пат да ги плаќаат веќе платените такси, рече Бочварски.

Посочи дека намалување на катастарските трошоци ќе има и за другите услуги како што се вадење на историјат, потврда за имотна состојба, промени и запишувања во катастарот на недвижности.

- Истовремено заради децентрализација на услугите и овозможување на полесен пристап и поголема достапност за граѓаните, дел од овластувањата ќе се вратат на геодетските фирми. Очекувањата се дека ќе се зголеми конкуренцијата, а со тоа и квалитетот на услугите што ги добиваат граѓаните, истакна Бочварски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...