Глобалниот долг и ризичните кредити се закана за нова финансиска криза

Глобалниот долг и ризичните кредити би можеле да го фрлат светот во уште една финансиска криза, изјави германскиот министер за финансии во заминување, Волфганг Шојбле.

- Економистите ширум светот се загрижени за зголемените ризици кои произлегуваат од акумулацијата на постојаното зголемување на ликвидноста и растот на јавниот и приватниот долг. И јас поради тоа сум загрижен, рече Шојбле во интервјуто за „Фајненшал тајмс".

Шојбле, кој новата германска влада го планира за функцијата претседател на Бундестагот, предупреди за формирање на нови пазарни балони, поткрепени со парите кои во стопанството ги напумпале централните банки.

Тој, исто така, предупреди на потенцијалните слабости во еврозоната, бидејќи банките се мачат со решавање на проблемот со лоши заеми.

Инаку, Шојбле денеска, за последен пат, ќе учествува на состанокот на министрите за финансии на Еврогрупата. 



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...