Анѓушев: Каква било измена на даночната политика ќе биде во прилог на граѓаните и стопанството

Каква била измена на даночната политика во Република Македонија ќе биде во прилог на граѓаните и на стопанството и нема да се случи без поширока расправа за што целата јавност ќе биде навремено информирана.



Ова го посочи вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев во одговор на новинарско прашање за најавите за нови даноци за локалната самоуправа, по отворањето на саемската манифестација Технома 2017.

Прецизира дека мерките за економски раст до крајот на годината ќе бидат преточени во владина програма што ќе почне да се спроведува од наредната година за што, како што рече, се предвидени средства.

- За мерките беа организирани две јавни расправина на кои учествуваа заинтересирани странски и домашни правни и физички лица, како и стопанските комори. Тие беа информирани за предлог-мерките, а потоа оставивме време да бидат разгледани и анализирани и да дадат конкретни предлози.
Задоволни сме што предлози стигнаа од сите чинители кои ги поддржуваат мерките и во целост се согласни за потребата и начинот на кој се поставени. Имаат само одредени технички забелешки во делот на нивното прецизирање да бидат појасни и подецидни и полесно применливи, рече Анѓушев.

Сите забелешки, нагласи, ќе бидат прифатени и вградени во програмата што ќе биде преточена во владина програма до крајот на годинава и како таква ќе биде применета во текот на следната година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...