Од 1 јануари се зголемува акцизата на нафтата за три денари

Од 1 јануари Владата планира да ја зголеми акцизата на нафтата за три денари, соопшти денеска министерот за финансии Драган Тевдовски претставувајќи го Предлог-буџетот за 2018 година.



Тевдовски рече дека не се очекува никакво инфлаторно придвижување и дека јавноста може да биде мирна.
- Не очекуваме дека ова да доведе до инфлаторен притисок бидејќи нафатата е еден дел од енергенсите заедно со струјата кои во цените учествуваат со 10 проценти, а ова што ние го предлагаме се однесува само на дел на нафтата, а не на бензинот и на струјата. Секако тоа е едно мало делче кое е преддвидено во нашата проекција за инфлација од 1,7 проценти, изјави министерот Тевдовски.

Со зголемување на акцизата и пресметанито ДДВ цената на нафтата ќе биде повисока за 3,5 денари, но според Тевдовски и со ова зголемување цената на нафтата во Македонија ќе остане најниска во регионот.
Причина за зголемување, како што истакна, се ЕУ препораките за заштита на животната средина и намалување на загадувањето.

Очекуваниот ефект од зголемување на акцизата во Предлог-буџетот за 2018 година ќе изнесува 1,6 милијарда денари, а  од ДДВ-то 350 милиони денари и дополнителни приходи за Јавното претпријатие за државни патишта.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...