Анѓушев вети успешно рестартирање на „Фени“ најдоцна за два месеца

Без разлика дали во понеделник ќе се добие подобрена понуда од Енекод или ќе се отвори било каква постапка во Фени таа ќе заврши со активно реструктуирање на компанијата и со понатмошна нејзина деловна активност за најдоцна 1,5 до два месеца.

Ова денеска во Владата го порача вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев во одговор на новинарско прашање по потпишувањето на Меморандумот за разбирање за одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој со швајцарската амбасадорка Сибил Сутер Техада и министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу.

- Се очекува до понеделник Енекод да даде подобрена понуда кон банките, но  и доколку тоа не се случи повторно сум оптимист дека и преку судска постапка ќе настане реактивирање на Фени за месец и половина до два. За компанијата има повеќе заинтересирани инвеститори, а погодува и цената на фероникелот која во моментов расте, рече Анѓушев и додаде дека е сигурен от Фени ќе заврши со рестартирање.

Нагласи дека преговорите меѓу Енекод и банките се надвор од ингеренциите на Владата, но додаде дека процесот будно се следи.
. Ќе бидеме задоволни доколку Енекод ги задоволи критериумите на банките, но и ако не успеат да се договорат постојат групи на инвеститори кои се подготвени да ја рестартираат компанијата и таа за месец и половина до два и да биде во полна функција, потенцира Анѓушев.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...