ММФ: Лошите кредити кочат кредитирање на банките на Западен Балкан

Недостигот од средства, високото ниво на лоши кредити и слаба регулатива при стечајни постапки, успорија раст на кредитирањето на банките кои работат во шест држави во Западен Балкан, соопшти Меѓународниот монетарен фонд.

Во 2008 година надворешното финансирање на банките било зголемено за повеќе од 500 отсто и тоа овозможило економски раст во регионот во Западен Балкан.
ММФ нагласува дека во тој период меѓу 70 и 95 отсто банкарски активи биле под контрола на странски банки воглавно во ЕУ сепак, осум години по светската финансиска криза локалните банки ги намалиле средствата од странство и се потпреле на финансирање на сопствени извори.

Економиите во Србија, БиХ, Црна Гора, Македонија, Албанија и Косово мораат да обезбедат правни рамки за решавање на проблемот со лошите кредити, да забрзааат реформи во судството и да подобрат закони за стечај, нагласува ММФ.

Слабиот судски систем влијае банките да станат повнимателни при кредитирање стравувајќи дека долгот нема да биде наплатен, се вели во извештајот.
Покрај тие ограничувања во голем број економии на Западен Балкан има преголем број банки.

Според податоци на ММФ во Албанија лани нивото на лоши кредити било 18,3 отсто од вкупниот пласман, во БиХ 11,8 отсто во Македонија 6,3 Црна Гора 11,1 , Србија 17 и Косово 4,9 отсто.
Високото ниво на лоши кредити во голем број држави од Западен Балкан продолжува да ја загрозува профитабилноста на банките.

Со цел проширување на базите на финансирање и поддршка за развојот економиите во регионот би можеле според совети на ММФ, да развијат локални пазари на капитал каде банките би објавиле корпоративни обврзници додека формирањето приватни пензиски фондови и осигурителни компании, би помогнало за креирање на побарувачката за банкарски обврзници и поттик за домашното штедење.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малиот Трпе на час по македонски.
- Трпе, составот за домашните миленици е ист како на брат ти.
- Е па што да правам кога имаме исто куче!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Од ЕВН е најaвено дека од 03.10.2018 година, напојувањето на тунелите на патот Демир Капија - Смоквица од страна на...
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на слепите
- Меѓународен ден на пешачењето
70 п.н.е.- Роден е римскиот писател Публиус...
1529.- Турскиот султан Сулејман II се откажа од...
1542.- Роден е царот Абу ул Фат Џелалудин Акбар,...