Претставен проектот „Образование за идеи, пронајдоци и иновации во претприемништво“

Центарот за управување со знаење од Скопје го презентираше проектот „Образование за идеи, пронајдоци и иновации за претприемништво“. Во проектот И3, освен Центарот за управување со знаење, вклучени се уште пет партнерски организации од Бугарија, Грција, Албанија и Кипар.

Проектот е поддржан од Интерег Балканско Медитеранската програма 2014 – 2020 на Европската унија, а неговата приоритетна оска, како што гласи и името, се претприемништвото и иновациите. Целта е до 31-ви јули 2019 да се промовира регионалниот развој, соработка и поддршка на конкурентноста на Балканско – медитеранската област преку развивање, воспоставување и промовирање на модел за претприемачко учење и трансфер на знаење за студенти и претприемачи.

Преку проектот ќе се воспостави соработка помеѓу партнерите и заинтересираните страни во проектот, односно институциите за обука и образование и бизнисот. Исто така проектот има за цел да ги зајакне економските и деловните односи меѓу заедниците, да поттикне економски развој, да создаде нови работни места и да ја поттикне конкурентноста на малите средните и микро претпријатија кои покриваат две третини од економијата на земјите учеснички во проектот . Притоа, ќе се промовира одржливиот развој на национално и транснационално ниво.

-Областите кои планираме да ги покриеме се информатичките технологии за кои сме задолжени ние од Центарот за управување со знаење, потоа енергијата од Кипарскиот институт за менаџмент, искуствените индустрии ќе бидат покриени од нашиот партнер од Бугарија, животната средина и еко индустријата од страна на албанскиот партнер и на крајот технологијата од грчкиот партнер. Во овие пет тематски области ќе го имплементираме И3 моделот на обука, односно идеи, инвенции и иновации, изјави д-р Андријана Богдановска, директор на Центарот за управување со знаење.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...