Европски бизнисмени ја пофалија даночната реформа на Трамп

Раководителите на европски компании го поздравија американскиот претседател Доналд Трамп за неговата даночна реформа, за време на средбата во рамките на Светскиот економски форум во Давос.

Од друга страна, политичарите во Давос упатија критики на адреса на Трамп.

На вечерата во швајцарскиот град, Трамп разговараше со десетина директори на европски корпорации, меѓу кои германската „Сименс“, швајцарската „Нестле“ и француската „Тотал“.

- Ја поздравуваме вашата даночна реформа, изјави претседателот на „Сименс“ Џо Кезер, додавајќи дека тоа е причина неговата компанија да одлучи да произведува турбини за гас.
Шефот на „Тотал“ Патрик Пујан, пак, рече дека неговата компанија инвестира во САД една милијарда долари годишно. - Ќе направиме повеќе со вашата даночна реформа, додаде тој.

Раководителот на норвешката државна нафтена компанија „Статоил“, Елдар Сатре рече дека напорите на Трамп за дерегулирање на економијата се исто така добра новост.
Даночната реформа ги намалува даноците на приход од 35 на 21 процент. Многу европски компании имаат десетици илјади работници во САД.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...