Зголемена побарувачката за кредити

Побарувачката на кредити од претпријатијата во последниот квартал од 2017 година во банките била со посилна динамика во однос на претходниот период, а банките очекуваат и во наредните три месеци да се зголемува побарувачката.

Меѓу факторите во анкетата на НБРМ, кои влијаеле на зголемена побарувачка, се наведуваат позначителните поместувања во факторите од алтернативното финансирање, особено на заемите од останатите банки. Индивидуалните фактори поврзани со потребите за финансирање и натаму придонесуваат за зголемување на побарувачката на нето-основа, со посилна динамика во споредба со претходнта анкета.

Условите по кои се одобрувале кредитите во последниот квартал според банките биле олеснети и очекуваат олеснувањето да продолжи и во наредните три месеци.
Олеснувањето произлегува во делот на каматната стапка, а условите поврзани со големината на заемот или кредитната линија, барањата за обезбедување и достасување на заемите, банките укажуваат дека се релативно непроменети.

Најголемо влијание врз олеснување на услвоите за одобрување на кредитите имала конкуренцијата од другите банки, од небанкарскиот сектор и од пазарното финансирање, а најголемо влијание врз заострување на условите има ризикот од неизвршување на обезбедувањето и очекувањата за перспективата на гранката на која и припаѓа претпријатието и на перспективата на поединечните фирми.

Олеснување на условите за одобрување се забележало и кај кредитите за домаќинствата. НБРМ во анкетата посочува дека интензивирање на нето-олеснувањето на условите за кредитирање се забележува кај потрошувачките кредити, како резултат на поголемиот процент на банки кои се определиле за олеснети кредитни услови. Најголемо влијание на олеснување на условите и кај кредитите за домаќинствата се конкуренцијата од други банки. Во насока на олеснување на условите влијание имале и очекувањата за вкупната економска активност.

Побарувачката се зголемила и на кредитите за домаќинствата во четвртиот квартал од претходната година. При тоа банките укажале на зголемена побарувачка на потрошувачки и станбени кредити и очекуваат да се зголеми побарувачката и во трите месеци од оваа година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...