ММФ: Бугарија прва во ЕУ според сивата економија

Речиси 30 проценти изнесува сивата економија во Бугарија, покажува истражување на ММФ, според кое, официјална Софија е прва во ЕУ според овој показател.
Во истражувањето на ММФ со кое се опфатени 158 држави во светот, се наведува дека во Бугарија во 2017 година на сивата економија отпаѓале 29,6 отсто. По Бугарија се Турција со 27,2 отсто и Романија со 26,3 проценти.



Просечното ниво на сивиот сектор во Бугарија за периодот 1991-2015 година изнесувало 29,17 отсто. Романија, за тој десетгодишен период во просек сивата економија изнесувала 30,14 отсто, а на Малта 29,8 проценти. Надвор од ЕУ, слични вредности за сивата економија има и во Турција - 31,38 проценти и Брунеи - 29,76 отсто.

Најдобро рангирана европска држава во 2017 година е Швајцарија, каде на сивата економија отпаѓа едвај шест отсто, а потоа следуваат Австрија со 7,1 процент и Луксембург со 8,2 отсто. По нив е Холандија со 8,4 отсто неформална економија. Грција, чија економија во последната декада се соочува со сериозни предизвици, минатата година имала 21,5 проценти сива економија.

Трите држави во светот каде е најзастапен неформалниот сектор, што подразбира  вршење на економски активности кои се легални, но не се регистрирани и не се пријавени за даночни цели од страна на поединци, неформални групи или организации,.се Зимбабве со 60,6 отсто, Боливија со 62,3 проценти и Грузија со 64,9 отсто.

Автори на истражувањето се Леандро Медина од африканскиот оддел на ММФ и Фридрих Шнајдер од Универзитетот Кеплер во Линц. Тоа е објавено во серијата истражувања на ММФ „Wоrking Papers“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...