Исплатени повеќе од 78 милиони евра субвенции

 Повеќе од 78 милиони евра се исплатени од Програмата за финансиска поддршка во земјоделство. Повеќе од половина од Програмата за 2017 е реализирана. Ова денеска го соопшти Николче Бабовски, в.д. директор на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Појасни дека е мал процентот на заостанати субвенции или минимален.

- Се работи за лица кои поднеле барање, одобрено им е барањето за субвенционирање, но се уште немаат потпишано согласнот за пребивање кон одредени институции за кои сме надлежни ние да го правиме. Најчесто тоа е закуп на земјиште спрема АД Водостопанство или Јавното претпријатие за стопанисување со пасишта. И дококу лицето починало, па додека наследиците ја завршат оставинската постапка или поднеле трансакциски сметки кои се згаснати и треба повторно да ни достават нови, објасни Бабовски.
На новинарско прашање за увозот на месо, Бабовски рече дека немаат ингеренции во таа област и додаде оти тоа го води Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

- Увозите на прехранбени производи Агенцијата не ги субвенционира. Ние го субвенционираме домашното производство. Го субвенционираме колењето во кланиците на домашно произведени животни, оние кои се произведени во производните капацитети, односно фармите на Република Македонија и одат на колење во кланиците регистрирани во нашата држава, рече Бабовски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...