Трамп повторно ја урна вредноста на акциите на Амазон

Нов пад на вредноста на акциите на Амазон, овој пат од 6 проценти, се случи денеска, како резултат на судирот меѓу глобалниот трговски гигант и претседателот Доналд Трамп.

Во серија гневни Твитер пораки, претседателот Трамп повторно ја нападна компанијата на најбогатиот човек на светот Џеф Безос, обвинувајќи го дека поради него се затвораат помали продавници насекаде низ САД, додека масовното користење на американската пошта од страна на Амазон предизвикува дополнителни загуби за даночните обврзници.

- Само луѓе што се глупави, или нешто уште полошо, може да кажат дека нашата пошта - загубар заработува пари работејќи со Амазон. Поштата губи милијарди, но тоа ќе се смени. Исто така, продавниците кои плаќаат данок се затвораат... немаат фер терен за натпревар!, напиша Трамп.

Вредноста на акциите на Амазон падна на 1.362 долари, со што компанијата загуби уште 45 милијарди од својата вкупна вредност. Трамп се уште не објави какви мерки планира да преземе во врска со Амазон, а минатата недела навестувaше воведување на дополнителен данок за Амазон. Поштата на САД се соочува со големи загуби поради обврската да ги финансира пензиите на своите поранешни вработени, а поради застарениот модел на работа не успева да заработи доволно пари за доспеаните обврски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
ТЕОРИЈА НА РЕЛАТИВНОСТА (ЗА НЕРАМНОМЕРНОСТА)

В кревет:
Погледнуваш на саатот, 7:45
Погледнуваш по 5 минути, 8:45

На работа:
Погледнуваш на саатот, 14:20
Погледнуваш...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги...
Верски календар
На денешен ден
1545.- Бродот „Мери Роус“, гордост на воената...
1814.- Роден е американскиот пронаоѓач Семјуел...
1834.- Во Париз е роден Едгар Дега, француски...
1866.- Умре германскиот математичар Георг...