Резултати од работењето на Македонски Телеком за првите три месеци од 2018

Нето добивката е зголемена за 16 отсто и изнесува 382 милиони денари

  • Бројот на пристапи на широкопојасен интернет на крајот од првите три месеци од 2018 година е стабилен и изнесува 187,7 илјади
  • Пораст во делот на IPTV за 7,5 отсто и база од 119,1 илјади корисници, според интерните податоци

Македонски Телеком АД-Скопје има водечка позиција на пазарот во фиксни говорни услуги во првите три месеци од 2018 година, покажуваат неревидираните финансиски извештаи согласно Меѓународните стандарди за финансиско известување (МСФИ).

Нето добивката за првите три месеци од 2018 година е зголемена за 16 отсто во споредба со истиот период од претходната година и изнесува 382 милиони денари. Приходите од продажба во првите три месеци од 2018 година изнесуваат 2.503 милиони денари, што претставува зголемување за 2,1 отсто (без ефектот од МСФИ 15) во споредба со истиот период од претходната година.

Вкупниот број на пристапи на широкопојасен интернет на крајот од првите три месеци од 2018 година е стабилен и изнесува 187,7 илјади, додека уделот на пазарот на широкопојасен интернет на крајот од првите три месеци од 2018 година е 45,1 отсто, според интерна проценка.

Во однос на ТВ пазарот, Македонски Телеком има 28,6 отсто удел од вкупниот ТВ пазар, според интерна проценка. IPTV (дигитална телевизија преку интернет протокол) услугата, поради високиот квалитет, интерактивноста и уникатното ТВ искуство е добро прифатена на пазарот. Па така, компанијата оствари зголемување на бројот на IPTV корисници (вклучувајќи Magenta 1, 3 Play и други TV услуги) за 7,5 отсто во споредба со истиот период од претходната година, што резултираше со база од 119,1 илјади корисници на крајот од првите три месеци од 2018 година.

На пазарот на мобилната телефонија, компанијата има удел на пазарот од 48,6 отсто, според интерна проценка. Базата на претплатници на крајот од првите три месеци од 2018 година изнесува 1.174 илјади претплатници и е намалена за 4,8 отсто во однос на истиот период од претходната година.

Приходите од говорни мобилни услуги на крајот од првите три месеци од 2018 година се зголемија за 1,9 отсто (без ефектот од МСФИ 15) во споредба со истиот период од претходната година. Ова зголемување главно произлегува од поголемите малопродажни приходи, придвижени од зголемениот сообраќај компензирано со намалениот обем на меѓународен дојдовен сообраќај во терминација.

Меѓународeн стандард за финансиско известување 15 Приходи од договори со корисници.

При изготвувањето на извештаите за работењето на компанијата за првите три месеци од годината, земенa е предвид примената на новиот стандард МСФИ 15 Приходи од договори со корисници. Усвојувањето на стандардот ќе резултира со значителни промени во финансиските извештаи на Македонски Телеком, првенствено во однос на времето на признавање на приходот и во однос на капитализацијата на трошоците за склучување на договор со корисник. Примената на новиот стандард МСФИ 15 Приходи од договори со корисници се бара за годишните периоди кои почнуваат на или по 1 јануари 2018 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...