ОПЕК+ решава за намалување на производството на нафта

Претставници на членките на Организацијата на државите извознички на нафта (ОПЕК) и на земјите производители на енергенсот што не се членки на картелот, денеска на средба во Виена разговараат за надминување на разликите околу очекуваното намалување на дневното нафтено производство.



Како што јави ДПА, претставниците на 25-те земји, познати и како ОПЕК+, кои поседуваат над половина од вкупните светски резерви на нафта, досега не можеа да се договорат за квотата за намалување на дневното производство, поради несогласувањата меѓу Саудиска Арабија и Русија.

Саудиска Арабија е најголем производител на нафта меѓу 15-те членки на ОПЕК; додека Русија е лидер во производството на енергенсот меѓу 10-те останати земји кои не се членки на картелот, но поседуваат значителни резерви на „црното злато“.

Целта на намалувањето на производството е да се запре падот на цените на нафтата, која од почетокот на октомври поевтини за околу 30 проценти.

Ваквиот пад на цената на нафтата се должеше на решението на ОПЕК за зголемување на дневното производство, по одлуката на САД за обнова на санкциите кон Иран, кои вклучуваат и забрана за извоз на енергенсот. Сепак, иранскиот извоз на нафта не се намали колку што се очекуваше, што доведе до вишок на понудата на енергенсот на пазарот.

Зголеменото нафтено производство резултираше и со раст на залихите на нафта во САД, Русија и членките на ОПЕК, што исто така влијае на цената на енергенсот.

Се очекува на денешното заседание ОПЕК+ да ја разгледан можноста за намалување на дневното производство на нафта за еден милиони барели, што би довело до намалување на нафтената понуда за еден процент.

Според експертите ваквата можност е многу веројатна, бидејќи ОПЕК стравува од повторување на 2014 година, кога цената на нафтата забележа драстичен пад, како резултат на значително поголемата понуда од побарувачката.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...