Откупот на тутунот без проблеми, просечната цена 205,34 денари

Откупот на тутунот во земјава се одвива непречено и на 198 откупни пунктови го преземаат девет компании. Досега се откупени 7.261.628 тони по просечна цена од 205,34 денари за килограм.



– Откупот на тутунот се одвива непречено, без поголеми проблеми. На теренот откупуваат деветте откупни компании во земјава и го исплаќаат откупениот род. Исплатата е 77,72 насто од преземениот род. откупени се 7 261 628 тони тутун со просечна цена од 205, 34 денари за килограм. Се очекува во наредниот период да се интензивира откупот, вели директорот на Државниот земјоделски инспекторат Благој Индов.

Претседателот на прилепското здружение на тутунопроизводители „Мице Козар“, Данчо Милески, смета дека на тутунарите актуелните временски прилики им одговараат за домашната манипулација. Тие, вели, не треба да стравуваат за исплатата на субвенциите и за третата, односно четвртата класа тутун. Поверениците на откупните пунктови будно го следат откупот.

– Субвенциите, потврдено е и од Министерството за земјоделство и од Владата, ќе се исплаќаат за сите класи тутун. и тоа, 80 денари за прва, 70 денари за втора класа и 60 денари за третата и четвртата класа тутун, истакнува Милески.

Годинашната реколта тутун се проценува на околу 23.000 тони и според тутунарите, квалитетот е на солидно ниво.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...