Ангеловска: Најбрзо ги очекуваме средствата од ММФ, согласно потребите ќе се носат и нови мерки

Најбргу ќе стигнат средствата од Меѓународниот монетарен фонд од странските ликвидносни инјекции, кои се очекува најверојатно да дојдат во текот на месецов, изјави министерката за финансии Нина Ангеловска во интервју за „Утрински брифинг“.

Посочи дека ќе се користат средства и од Светската банка, Европската унија, како и од обврзницата за премостување. Овие средства, како што рече, ќе се користат повеќе месеци согласно потребите за вбризгување во стопанството, а ќе се носат и нови мерки.

– Зборуваме со Светска банка, а и вицепремиерот за европски прашања соопшти дека и од Европската унија добиваме одредена помош, онаа награда од 50 милиони евра, потоа заем до еврообврзница. Најбрзите средства што ги очекуваме се од Меѓународниот монетарен фонд, а потоа од сите останати до почетокот на мај или крајот на април. Овие средства не се само за еден месец, овие средства се доволни за да функционираме следните месеци зависно од тоа колку ќе бидат потребни пари за вбризгување на ликвидност во економијата. Ова се првите мерки што се презентирани, понатаму ќе ја следиме состојбата, ќе видиме како ќе биде искористувањето и одвивањето на настаните, за да повлекуваме и други чекори кои ќе бидат потребни, истакна Ангеловска.

Најави дека на некоја следна владина седница треба да помине писмото за намери кон ММФ, кое е потпишано и од дополнителната заменик министерка.

Ангеловска посочи дека годинава по основ на надворешен долг доспеваат за исплата 440 милиони евра, додека планот на домашниот пазар на хартии од вредност е да се издадат хартии од вредност во износ од 450 милиони евра, од кои дел се презапишуваат за враќање на стари обврски, а нето задолжувањето е планирано на нето од 200 милиони евра.

– Дел од тие стари долгови од 440 милиони се веќе вратени – поголемиот дел во јануари, додека другиот дел доспева во декември, на крајот на годината, што е на некој начин поволно бидејќи немаме дополнително потреба за враќање на стари долгови во следните два квартали, оцени Ангеловска.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...