Европските берзи паднаа за околу три отсто

На европските берзи утрово цените на акциите паднаа за околу три отсто, бидејќи инвеститорите стравуваат од последиците од ширењето на новата варијанта на коронавирусот.



Индексот STOXX 600 на водечките европски акции беше намален за 3,3 отсто во 9.30 часот.

Истовремено, лондонскиот FTSE индекс падна за 2,95 отсто, на 7.093 поени, додека франкфуртски DAX се лизна за 3,0 отсто, на 15.439 поени, а париски CAC 4,25 отсто, на 6.775 поени.

Цените на акциите драстично паднаа и на азиските берзи, па индексот на азиско-пацифичките акции MSCI, без јапонските акции, беше во минус за околу два отсто околу 9.30 часот.

На токиската берза индексот Никеи падна за 2,5 отсто, додека цените на акциите во Шангај, Јужна Кореја, Австралија и Хонг Конг паднаа меѓу 0,6 и 2,5 отсто.

Инвеститорите се вознемирени од веста дека во Јужноафриканската Република е откриен нов вид на Ковид-19 со повеќе мутации и е многу заразен.

Британските власти го сметаат за најважна варијанта досега и стравуваат дека може да биде отпорна на вакцини. Затоа тие воведоа ограничувања за патување во шест африкански земји.

Оваа варијанта е исто така идентификувана во Боцвана и Хонг Конг кај патници кои пристигнале од Јужна Африка.

– После вакви вести, прво пукате, а потоа поставувате прашања. Пазарите го проценуваат ризикот од уште едно можно глобално ширење на вирусот доколку вакцината се покаже како неефикасна. Надежите за отворање на економиите и земјите би можеле да бидат уништени, објаснува Реј Атрил, стратег во Националната австралиска банка.

Инвеститорите со загриженост го следат и ширењето на коронавирусот во Европа. Во Германија, бројот на починати од вирусот вчера надмина 100.000, Словачка објави двонеделно „заклучување“, а чешката Влада порано затворање на баровите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...