Домашното млеко безбедно

Скопје, 22 февруари 2013 (МИА) - Во македонското млеко нема присуство на афлатоксини, ниту други примеси штетни по здравјето на граѓаните, изјави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски.

Тоа, според него, го потврдија сите анализи спроведени во акредитираните лаборатории.

- Контролите се вршат редовно, секој ден од страна и на преработувачите во нивните сопствени лаборатории, но интензивирани се и контролите што ги спроведува Агенцијата за храна и ветеринарство, рече Димовски, одговарајќи на новинарски прашања по презентацијата на проектот за поголемо производство на ориз.

Министерот е дециден дека нема да се толерира увоз на млеко кое содржи какви било штетни материи.

- Освен увезеното млеко, редовно се контролира и внесената сточна храна во земјава, особено од соседните држави. Се врши контрола на секој увоз на земјоделско-прехранбените производи воопшто за да се заштита здравјето на домашните потрошувачи, истакна министерот Љупчо Димовски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...