Американската Влада под финансиска блокада

Вашингтон 1 октомври (МИА) - По целодневно гласање и прегласување во двата дома на американскиот Конгрес, Претставничкиот дом и Сенатот не успеаја да постигнат договор за буџетската резолуција со која финансирањето на централната Влада на САД ќе продолжеше уште неколку месеци.

Со тоа, од полноќ, САД влегоа во буџетска блокада, во која голем број административни служби ќе останат без пари.

- Сакам да бидам јасен околу тоа што ќе се смени. Владини канцеларии ќе се затворат. Платите ќе доцнат. Витални услуги од кои зависат нашите пензионери, ветерани, жени и деца, компаниите и за економијата, ќе бидат силно притиснати. Сопствениците на компании ќе се соочат со доцнење во собирањето капитал, барањето дозволи за инфраструктурата или во обновата по ураганот Сенди. Ветераните кои се жртвувале за нашата земја ќе откријат дека нема доволно работници во центрите за нивна поддршка. Туристите ќе бидат соочени со затворени национални паркови и споменици, од Јосемити до музеите Смитсонијан и Статуата на Слободата, изјави претседателот Обама во вчерашното попладневно обраќање, со кое побара од републиканците во Конгресот без нови барања да изгласаат да продолжи финансирањето на Владата.

Претставничкиот дом во кој републиканците се во мнозинство, поднесе неколку предлози до Сенатот. Во сите од нив побара одложување на здравствената реформа позната како Обамакер за една година, во целост или во најголем дел.

Но, Сенатот, каде мнозинство го има Демократската партија, експресно ги одбиваше сите овие предлози, и инсистираше да се гласа само да продолжи финансирањето на Владата, без никакви додавања или одземања.

За републиканците, од кои голем број беа првпат избрани во Конгресот на изборите во 2010 година со главно ветување пред граѓаните дека ќе ги запрат промените предвидени со Обамакер, ова е неприфатливо.

- Ние во Домот јасно го искажавме нашиот став. Веруваме дека треба да продолжиме да ја финансираме работата на Владата, и дека треба да има еднаквост за сите Американци во спроведувањето на Обамакер. Сенатот ги отфрли нашите понуди. Според Уставот, имаме можност да одржиме конференција и да ги надминеме нашите разлики, изјави спикерот на Претставничкиот дом Џон Бојнер.

Конференција меѓу двата дома на Конгресот означува состанок на кој двете спротивставени буџетски резолуции, едната во кои е предвидено финансирање на Обамакер, а другата во која таа се одложува, ќе се разгледуваат заедно и ќе се направи обид за нивно усогласување.

Републиканците укажуваат на тоа дека Обама самиот, со претседателска наредба, веќе одложи голем број одредби на Обамакер, и од нив ги поштеди поголемите компании, но дури и конгресмените и вработените во Конгресот.

Тие бараат, штом веќе конгресмените нема да бидат обврзани од законот, тој да се одложи и за обичните граѓани.

На полноќ почна да работи и интернет страницата преку која граѓаните на САД ќе можат за првпат да купуваат здравствено осигурување според правилата на Обамакер, која определува какви услуги осигурителните компании мора да нудат, им забранува да одбиваат веќе болни лица што сакаат да купат осигурување, ги регулира цените и за првпат ги обврзува сите граѓани да купат осигурување.

Расправата околу финансиската блокада на централната Влада во голема мерка ќе зависи од тоа дали голем број граѓани ќе се пријават за Обамакер, дали процесот ќе тече без технички проблеми, но и дали цените навистина ќе бидат пониски од досега, како што ветува претседателот Обама.

Во меѓувреме, повеќето експерти најавуваат дека блокадата на буџетот нема да трае повеќе од неколку дена.

САД досега 17 пати се соочиле со ваков вид на блокада, при што последната, на крајот на 1995 и почетокот на 1996 година, траела 28 дена.

Претседателот Обама најави дека армијата ќе продолжи да работи нормално, но граничарите кои ќе останат распоредени може да се соочат со доцнење на платата.

Двата дома на Конгресот најавија дека се подготвени да обезбедат пари за армијата, а републиканците најавија ќе продолжат одделно да ги одобруваат буџетите и на другите загрозени државни институции, но не и на Обамакер.

Поштата, контролата на воздушниот сообраќај и социјалните програми Медикер и Медикејд ќе продолжат да работат нормално поради начинот на кој се финансираат.

НАСА ќе се затвори, со исклучок на делот за поддршка на астронаутите во Меѓународната вселенска станица. Стотици илјади цивилни службеници во армијата може да бидат пратени дома, заедно со стотици илјади службеници во разните други институции во Вашингтон и низ САД.

Во меѓувреме, главен симбол на буџетската расправа стана Националната зоолошка градина во САД, поточно видео-камерата која 24 часа на ден ја следи Меи Џијанг, панда мечката која во август роди малечко. Телевизиите постојано ги смируваат граѓаните информирајќи дека интернет страницата која емитува снимки од Меи Џијанг, се уште работи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...