Влaдејачките партии во Грција се договорија:

„Не“ за нови мерки за штедење

Атина, 24 октомври 2013 (МИА) - Лидерите на двете партии учеснички во грчката владејачка коалиција, Нова демократија и ПАСОК постигнаа договор за категорично „не“ за нови мерки за штедење, за евентуални предвремени избори и за нови задолжувања, објави „Етнос“.

Весникот наведува дека на синоќешната средба, премиерот Андонис Самарас и неговиот заменик и шеф на дипломатијата Евангелос Венизелос договориле програмска рамка за соработка во владејачката коалиција.

Програмската рамка вклучува 43 точки, меѓу кои и Самарас да остане премиер до крајот на мандатот на актуелната влада, да не потпишува повеќе меморандуми за кредити и да ги исполни преземените обврски кон меѓународните кредитори.

Самарас и Венизелос изјавија дека грчката економија и општество не можат да издржат повеќе рестрикции, додавајќи оти програмата претставува рамка за договор со европските партнери.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...