Македонија 67. според индексот на корупција

подобрувaње од две места

Скопје, 3 декември 2013 (МИА) - Македонија е рангирана на 67. место според индексот на перцепција на корупцијата во 2013 година што претставува подобрување за две места во однос на рангирањето од претходната година.

Според денеска објавениот Извештај на Транспаренси интернешенл (ТИ) за 2013 година, од државите во регионот пред Македонија се Хрватска на 57 место, Турција на 53., Словенија на 43 место. Македонија го дели 67. место со Црна Гора. БиХ и Србија ја делат 72. позиција, Бугарија е 77, Грција 80, Косово 111, а Албанија е на 116 место.

Од рангираните 177 држави, најмалку корупција има во Данска, Нов Зеланд и Финска, а најкорумпирани се Авганистан, Северна Кореја и Сомалија.

Во извештајот се констатира дека ниту една земја во светот нема совршен резултат во борбата со корупцијата. Две третини се со помалку од 50 бодови од можните 100 со кои се мери корупцијата.

Транспраенси интеренешел констатира дека корупцијата останува сериозен проблем во светот. Апелира да бидат преземени глобални мерки против неа и појавите што ја поттикнуваат како што се перењето пари, нелегалното политичко финансирање и нетранспарентно работење на државните институции.

Индексот за перцепцијата на корупцијата се мери со скала од 0 до 100, а најмногу поени добиваат земјите каде што корупција е најмалку застапена, додека 0 добиваат најкорумпираните.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...