Привршува ревитализацијата на хидроенергетскиот систем

Гостивар, 11 април 2014 (МИА) - Со вградувањето на новата технологија во ревитализацијата на седумте хидроцентрали во Македонија ќе се намалат загубите при производството и ќе добива електрична енергија по еколошки пат, истакна вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски по посетата на ХЕЦ Вруток.

Таму се запозна со текот на ревитализацијата во хидро енергетскиот систем Маврово, во кој како што кажа работите се во завршна фаза.

- Владата на Република Македонија, започна низа проекати на полето на енергетиката, а еден од најазначајните е проектот за ревиталицизација на седумте хидроцентрали Вруток, Равен Врбен Шпиље, Тиквеш, Глобочица и Козајк. Кај сите централи се преземаат зафати со употреба на најновите технологии за да се постигне поголемо производство на електрична енергија и поголема ефикасност во искористувањето на водите, рече Пешевски.

Проектот за ревитализацијата на хидроцентралите има вредоност од приближно 33 милиони евра, и е финасиран 80 проценти од германската КфВ Банка, а останатите се директно вложување на АД ЕЛЕМ.

Според Пешевски, со завршувањето на проектот, Македонија ќе добие нови 20 мегавати инсталирана моќност и дополнителни 50 гигават часови произведена електрична енергија.

Тоа, како што рече, во пракса би значело користење на електрична енергија за околу 30 илајди семејства.

- Значајно е што со овој проект во иднина ќе се прозиведува таканаречена зелена енергија. Тоа е доказ за определбите на Владата за развој на енергетиката во сите сегменити, како во базната, со зафатите во РЕК Битола, така и во хидро централите, за прозиводство на енергија од обновливи извори на енергија, потенцира Пешевски.

Проектот за ревитализација на системот ХЕЦ Маврово е при крај. До крајот на летото се очекува да биде вграден и последниот од четирите агрегати во ХЕЦ Вруток.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...