Враќањето на Грција на финансиските пазари не ги решава нејзините проблемиАтина, 13 април 2014 (МИА) – Враќањето на Грција на меѓународните финансиски пазари не ги решава економските и социјални проблеми со кои се соочени Грците.
Тоа го изјави кандидатот на Европската народна партија за претседтаелската функција на Еврокомисијата, Жан Клод Јункер.
- Тоа што Грција се враќа на финансиските пазари не води автоматски и до значително подобрување на условите на живот, нагласи поранешниот премиер на Луксембург во интервју за германски Тагесшпигел.
|