Текстилците бараат поддршка од државата

Скопје, 14 април 2014 (МИА) - Подддршка од државата за преминување од лон во класично производство, набавување современа опрема и создавање бренд, како и помали царини за увоз на репроматеријали, бараат текстилците. Притисоците на евтината работна сила од далечниот исток кои уште ги чувствуваат, се особено ризични за малите компании, беше речено денеска во Стопанската комора.

- Малите компании со максимум 50 вработени мора побрзо и поинтензивно да работат на создавање сопствен производ, да им понудат готов производ на странските партнери, т.н. фул пекиџ. Тоа е начинот на кој ќе можат и натаму да држат чекор со конкуренцијата во оваа гранка, рече Ангел Димитров, претседател на Здружението на текстилната индустрија и конфекцијата.

Големите компании, порача, мора да одат на масовно производство со што ќе ги намалат фиксните трошоци по единица производ.

Наши најголеми конкурентни на Балканот остануваат Србија, Бугарија и Албанија од аспект на работната рака, нејзината обученост и цената, како и вкупните даночни оптоварувања. Дел од производството се сели кај нив. Предноста на Македонија останува близината на европскиот пазар и искусните работници.

- Бугарија има повисока продуктивност која се темели на повисока автоматизација на производството поради користење софистицирана опрема, автомати за кроење и шиење, а тоа го прават со поддршка на државата. Нашите компании, пак, даваат предност на работната рака и употребуваат обични или полуавтоматски машини, посочи претседателот на Здружението.

Како што напомена, без поддршка на државата македонските фирми многу тешко ќе направат и сопствен бренд, ќе преминат од лон на класично производство.

Според Комората, текстилната индустрија последнава година бележи раст, но тоа не значи дека излегла од криза и дека може да се очекуваат големи стапки на развој.

- Во 2013 година текстилната индустрија во вкупниот извоз учествувала со 16,4 проценти. Во однос на 2012-та бележи зголемување на производството на текстил за 79,8 отсто и 13,7 проценти во делот производство на облека. Извозот на текстилни производи е 701 милион американски долари од кои 77,6 милиони отпаѓа на текстилни ткаенини, а 624 милони на готови производи, иформира Саше Деспотовски од Стопанската комора.

Позитивниот тренд продолжува и во првите два месеца од годинава. Забележано е зголемување од 16,3 отсто кај ткаенините и 7,9 проценти кај готовите производи.

Ваквите показатели, оцени Димитров, се должат на заживување на економијата на трговските партнери од Западна Европа, пред се од Германија, што ги зголеми нарачките, но и се повисоката фаза на доработка што значи зголемување на нашето учество во вкупната цена на готовиот производ. Фактор плус е и складирањето на репроматеријалите купени од Турција со кое почнаа некои домашни компании.

Претседател на Здружението смета дека текстилната индустрија и во 2014-та ќе оствари добри резултати, без поголеми турбуленции.

Моментно секторот вработува околу 42.000 лица и е сведен на лон производство со 92 до 95 отсто.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...