Грчка „Харма Фрут“ ќе инвестира 6 милиони евра во Македонија

Скопје, 15 април 2014 (МИА) - Грчката компанија  „Харма Фрут“ ќе инвестира шест милиони евра во Македонија. До крајот на годинава најавува изградба на центар за откуп и пакување земјоделски производи и ладилник во Гевгелија, во што ќе вложи три милиони евра.  

За плановите за работа на фирмата што ја регистрира во Македонија  со името „Агритера“ грчкиот инвеститор  денеска разговараше со министерот за странски инвестиции Џери Наумоф. Одлуката за инвестирање ја донеле по консултации со Наумоф и претставници на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

- „Агритера“ е изненадена од конкурентната бизнис клима што Македонија ја нуди на инвеститорите и овозможува извоз на висококвалитени земјоделски производи  во Европа  и пошироко,  изјави министерот Наумоф.

Покрај 3-те милиони евра што ќе бидат инвестирани годинава во откупниот центар, „Агритера“ планира да вложи дополнителни три милиони евра.

Сопственикот на „Агритера“ Кристос Келесидис вели дека идеалната местоположба, поволните климатски услови и квалитетот на земјоделските производи биле пресудни да донесат одлука за инвестирање во Македонија.

- Сакам да се заблагодарам за гостопримството и условите за работа што ни ги овозможија. Имаме големо искуство во  овој бизнис и сакаме да го смениме начинот на работа во вашата земја во земјоделството и во производството. Тука сакаме да направиме голема фабрика со која ќе бидеме конкурентни на европскиот пазар, изјави Келесидис.

„Харма фрут“ е една од најголемите грчки компании за откуп на земјоделски производи со 20 годишно искуство. Своите производи ги пласира на пазарите во Еврпа, Блискиот Исток и Русија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...