Објавен тендерот за пругата Битола-Кременица

Скопје, 15 април 2014 (МИА) - Европската унија денеска го објави тендерот за градежни работи за реконструкција на железничката пруга Битола-Кременица.

Станува збор за инвестиција вредна 20 милиони евра која опфаќа обнова на пругата кон Грција со должина од 17 километри, како и изградба на кракот кон индустриската зона Жабени во близина на Битола.

Компаниите кои ќе учествуваат мора да имаат гаранција од 300.000 евра, а онаа што ќе го добие тендерот треба да достави и гаранција во висина од 10 проценти од вредноста на инвестицијата.

На тендерот можат да се јават компании кои во последните три години имале добивка од најмалку 26 милиони евра, а мора да имаат успешно завршено барем една реконструкција или изградба на пруга по која возовите се движат со брзина од 100 километри на час. Вредноста на завршената работа треба да изнесува најмалку 20 милиони евра.

Тендерот е отворен до 27 мај кога се очекува да бидат отворени понудите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...