Царината одбележа 22 години од формирањето

Скопје, 15 април 2014 (МИА) - Царинската управа на Македонија денеска одбележа 22 години од основањето како државна институција на управата.

Директорката Нашата Радеска-Крстевска истакна дека по 22 години успешна и напорна работа, денес Царинската управа ја препознаваат по нејзиниот професионализам, ефикасност, транспарентност и доверливост.

- Не препознаваат како служба која е способна да ги олеснува економските активности, успешно да ги спроведува економските политики на Владата, да ги штити економските и фискалните интереси и да ги штити интересите на граѓаните, изјави Радеска-Крстевска.

Ова, според неа, е доволен поттик и во иднина да продолжат да работат уште попосветено во насока на зголемување на конкуретноста на македонската економија преку понатамошно олеснување и забрзување на царинските постапки и намалување на трошоците за компаниите.

На свеченоста организирана по повод 22-годишнината беа презентирани постигнатите резултати од работењето во изминатата година, како и бенефитите од примената на концептот на Овластен економски оператор и Новиот компјутеризиран транзитен систем.

Царинската управа е основана на 14 април 1992 година како државен орган на управата преку донесувањето на Законот за царинска управа од страна на Собранието на Република Македонија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...