Рудникот во Лојане ќе отвори 300 нови работни места

Куманово, 15 април 2014 (МИА) - Министерот за економија Ваљон Сарачини денеска го посети рудникот за експлоатација на минералната суровина антимон во локалитетот Лојане, општина Липково, за кој ресорното министерство објави јавен повик за доделување под концесија за експлоатација.

- Рудникот во Лојане се очекува да почне со работа во 2017 година, со ангажирање на најмалку 300 работници. Инвестицијата за отварање на овој рудник е 30 милиони евра, со што освен директните приливи од концесијата и новите работни места, инвестицијата ќе значи и дополнителна можност за заработка на многу локални мали и средни компании од кумановско-липковскиот регион, рече Сарачини.

Изборот на најповолниот понудувач на јавниот повик, според него, ќе се изврши по завршувањето на изборниот процес.

- Заинтересираните инвеститори треба да ги достават своите понуди најдоцна до 14 мај 2014 година, а електронското наддавање преку системот е-концесии ќе се одржи на 19 мај, со што ќе се избере нов концесионер, кој ќе работи со рудникот, рече Сарачини.

Согласно законот за минерални суровини, информира дека досега се доделени 332 концесии за експлоатација и околу 100 концесии за детални геолошки истражувања на минерални суровини. Уплатените средства по основ на концесиски надомест се 22 отсто приход на Буџетот на Република Македонија и 78 проценти приход на буџетот на општината, на чие подрачје се врши концесиската дејност.

Од економски аспект, споредено со истиот период од минатата година во индустриското производство во секторот рударство и вадење камен има пораст од 6,7 отсто. Овој сектор, според Сарачини, континуирано има позитивна стапка на раст на производството што го прави еден од водечките сектори од индустриското производство и со учеството од 1,5 отсто во бруто домашниот производ е од големо значење за македонската економија.

- Што се однесува пак до општините на чија територија се врши експлоатација на минерални суровини, би сакал да потенцираам дека, општините имаат значително големи приходи по основ на уплата на концесискиот надоместок, особено кај оние, каде што има рудници за експлоатација на металични минерални суровини, истакна Сарачини.

Во последниве неколку години, додаде тој, се бележи постојан тренд на пораст на прилив на средства по основ на концесиски надоместоци од експлоатацијата на минерални суровини во Република Македонија, што покажува дека овој ресор на државата е во подем на постојан развој.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...