Во Велес во тек изградбата на фабриката „Маркарт“

Велес, 15 април 2014 (МИА) - Градоначалникот на Велес, Славчо Чадиев денеска направи увид во градежните работи за изградба на германската фабрика за автомобилски делови на „Маркарт“ во индустриската зона Караслари кај Велес.

Тој изрази задоволство што по 24 години во Велес се гради фабрика со која ќе се создадат нови работни места. Информира дека од потребните 200 илјади кубни метри земја, ископани се половината и оти остануваат уште толку за да се дојде до нулта точката и да се постават темелите на објектот.

- Немаме некои посериозни проблеми. Жителите од населеното место Караслари  се интересираат што е она што се работи и задоволни се затоа што очекуваат дека некој од нив ќе најде вработување во фабриката за една година, кога треба да почне со работа, истакна Чадиев.

Инвестицијата изнесува 35 милиони евра, а фабриката ќе се протега на површина од 10 хектари. Во неа треба да се вработат 600 лица.

Чадиев информира дека се работи и на првата фаза од пробивањето на патиштата до фабриката, додека водоводниот систем е во завршна фаза.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...