Кредити од ЕБОР за зголемување на енергетската ефикасност и конкуретноста

Скопје, 16 април 2014 (МИА) - Компаниите од денеска ќе можат да ја зголемат енергетската ефикасност или конкуретноста преку две кредитни линии што ќе се пласираат преку НЛБ Тутунска банка.

Средствата во износ од вкупно шест милиони евра се обезбедени преку Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), односно преку Програмата за финансирање на одржлива енергија и Програмата за поддршка на приватниот сектор во Западен Балкан.

За таа цел денеска во Скопје беше потпишан договорот меѓу НЛБ Тутунска банка и ЕБОР. 

Максималната сума на кредитот за енергетска ефикасност што еден корисник може да ја користи е два милиони евра, додека за проектите за зголемување на конкуретноста изнесува еден милион евра.

Според претседателот на Управниот одбор на НЛБ Тутунска банка, Ѓорѓи Јанчевски, се работи за поволни кредити кои можат да се користат во рок од пет години со грејс период од максимум две години,а предвидени се и стимулации за крајните корисници од 10 до 20 проценти доколку компанијата успешно го имплементира проектот.

- Имајќи предвид дека и двете кредитни линии нудат покрај поволните каматни услови, исплата на неповратни грантови во форма на стимулации во корист на крајните корисници и бесплатна техничка помош, очекуваме дека ќе има зголемен интерес меѓу компаниите и успешна крајна реализација на проектите, рече Јанчевски.

Претставничката на Канцеларијата на ЕБОР во Македонија, Анка Јоана Јонеску оцени дека Македонија има висок претприемачки потенцијал и оти целта на ЕБОР е да ја поддржи трансформацијата на тој потенцијал во одржлив бизнис.

- Малите и средни претпријатија претставуваат основа на македонската економија, но пристапот до финансии и понатаму претставува предизвик. За нас поддршката за малите и средните претпријатија претставува приоритет со цел да се промовира одржлив развој, да се подобри конкуретноста и да се намалат енергетските трошоци, нагласи Јонеску.

ЕБОР започна со инвестирање во македонската економија во 1993 година, а до денес има потпишано над 80 проекти во висина од 1,1 милијарда евра.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...