Германската економија предупреди на опасност од санкции кон Русија

Берлин, 16 април 2014 (МИА) - Заострувањето на ситуацијата во Украина и зголемувањето на кризата ја алармираше германската економија, чии претставници предупредија на опасност од зајакнување на санкциите против Русија и повикаа на разумност, а од рускиот претседател Владимир Путин побараа да покаже јасни знаци за деескалација на ситуацијата.

Претседателот на Одборот за исток на германската економија Рајнер Линднер и шеф БАСФ Курт Бок предупредија на сложеност на ситуацијата. Бок, лидерот на најголемиот хемиски концерн во светот, изјави дека тој што ќе донесе санкции против Русија, мора да размисли за трошоците, користа од таквата одлука и да се запраша кој најмногу ќе плати.

Германската индустриска и стопанска комора од Путин побара умерено да делува на тензичната ситуација во источниот дел на Украина и да покаже јасни сигнали за деескалација на судирот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...