Во Прилеп од петок ќе профункционира градскиот сообраќај

Прилеп, 16 април 2014 (МИА) - Директор на Јавното претпријатие за урбанистичко планирање Бранко Нешкоски во Приле денеска на прес-конференција најави дека од петок ќе профункционира градскиот сообраќај. 

Според Нешкоски, во првата фаза ќе работат три линии со 6 автобуси, кои ќе се вкрстуваат и ќе ги покриваат главните пунктови во градот.

- Се очекува да набавиме уште 4-5 автобуси за нови две линии кои целосно ќе го покријат градот, рече Нешкоски.

За градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески ова е исполнувањето на желбата на прилепчани прв пат да добијат организиран градски превоз.

- Линиите ќе почнат да функционираат, целосно да се опфати градот, а потоа ќе ги опфатиме и населените места, зашто Прилеп со Мариово е по површина една од најголемите општини во земјава, рече Ристески.

Билетот за градскиот превоз чини 20 денари, а ќе има попусти за користење дневни, неделни, месечни и годишни билети. Попусти имаат учениците и студентите за кои месечниот билет ќе биде 350 денари, а за граѓаните 600 денари. Неделен билет е 250 денари за неограничено возење. За лицата со посебни потреби градскиот превоз е бесплатен.

Промотивно, за викендот за велигденските празници ќе биде бесплатно возењето со градскиот превоз. Бесплатно ќе биде и идниот викенд за време на вториот круг од изборите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...