Приоритети во македонско-бугарската бизнис соработка

Скопје, 16 април 2014 (МИА) - Бизнис елитите од Македонија и Бугарија повеќе да ја развиваат економската соработка и да се занимаваат со Коридорот 8, а не со копање по историјата, да се свртат кон иднината - остварување трговска размена од една милијарда евра, креирање заеднички производ и освојување на трети пазари.

Ова е пораката од денешното Годишно собрание на Македонско-бугарската стопанска комора (МБСК).

Како што беше констатирано, лошите инфраструктурни релации се клучната причина поради која размената меѓу двете земји подолго време е на исто ниво од околу 700 милиони долари.

- Инфраструктурата е во очајно лоша состојба и според актуелните прокеции нема да се подобри до 2022 година. Тоа на конкурентите им дава огромна предност. Автопатот низ Грција го скратува за цел еден ден транспортот на товарните возила од Турција кон Драч, истакна претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески.

Азески смета дека е неопходно да се институционализира тело кое ќе ги решава бариерите на македонско-бугарските граници.

- На наше делумно задоволство Владата објави рестартирање на обновата и изградбата на железничката пруга Куманово - Гуешево. Но, ние мислиме дека е побрзо и поефикасно да се изгради автопат кон Софија. Тоа е заеднички инвестициски проект што би имал економска одржливост и исплатливост и би придонел за раздвижување ма економскиот развој и трговската размена, посочи претседателот на МБСК Зоре Темелковски.

Осврнувајќи се на планираните коморски активности, Темелковски нагласи дека приоритети остануваат обезбедувањето услови за заедничка енергетска политика особено околу стратегиските одлуки за гасоводот, формирањето заеднички инвестициски фонд за кредитирање на извозно-ориентираните компании, како и иницирањето интензивни деловни комуникации преку организирање бизнис форуми во Штип и Софија.

Темелковски оцени дека се побројни се македонските фирми кои отвораат производни капацитети во Бугарија, но се уште нам доволно активност за привлекување инвеститори и капитал од Бугарија.

- Двете бизнис заедници не ги користат шансите што ги има Бугарија како членка на ЕУ. Мораме од нашиот источен сосед да направиме вистински лобист не само за евроинтеграциите, туку и за достапност на големите фондовски потенцијали за кредитирање и искористеност на средства од Европската комисија, рече претседателот на МБСК.

Трговската размена меѓу Македонија и Бугарија лани достигна 690,7 милиони долари што е речиси исто ниво како во 2012-та. Дефицитот од 40,6 милиони покажува релативна избалансираност. Според стопанствениците, Бугарија е наш шести трговски партнер, а размената, околу половина, е сведена на извезување обоени метали и увезување нафтени деривати што покажува дека има простор за подобрување на трговијата во многу други области.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...