Од 2 мај директен лет Скопје-Рим на „Алиталија“

Скопје, 17 април 2014 (МИА) -   Нова директна линија на релацијата Скопје и Рим (аеродром Фјумичино)ќе воведе од 2 мај авиокомпанијата „Алиталиа“.

Летовите  ќе бидат секојдневни и ќе се одвиваат со авиони Ембраер Е-175. Во мај ќе се работи со редуциран распоред со 30 повратни летови Рим – Скопје - Рим, а од јуни целосен распоред со секојдневно летање.

Од 1 јуни од Скопје авионите на „Алиталиа“ ќе полетуваат во 05:30 часот со пристигање на Фјумичино, Рим, во 07:20 часот (во понеделник, вторник, петок и сабота), како и во 17:05 со пристигање во Рим во 18:55 (во вторник, среда и сабота).

Летовите од Рим ќе бидат во 21:30 часот со пристигање во Скопје во 23:20 часот (во понеделник, четврток, петок и недела) и во 14:35 часот со пристигање во Скопје во 16:25 часот (во вторник, среда и сабота).

- Со ова ново директно поврзување за Рим, Алиталиа има цел да се зголеми туристичкиот сообраќај кон главниот град на Италија, како и директно да одговори на зголемената побарувачка за летови меѓу Македонија и Италија, која е резултат  на зголемената економска соработка и трговска размена меѓу двете земји, соопшти денеска претставништвото на „Алиталиа“ од Белград.

„Алиталиа“ го назначи ВАС Тур Оператор ДОО Скопје, како генерален агент за територијата на Македонија, кој ќе нуди информации, резервации и авиобилети.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...