Брендови на „Филип Морис“ ќе се произведуваат во ТК Прилеп

Скопје, 17 април 2014 (МИА) -  Водечките светски брендови на „Филип Морис“ ќе се произведуваат во Прилеп, заедно со брендовите на Тутунскиот комбинат во овој град. Преговорите за стратешкото партнерство се завршени и усогласен е текстот на договорот. 

Стратешкото партнерство, што го потврди компанијата, ќе се реализира преку формирање ново друштво со ограничена одговорност во кое „Филип Морис Интернешнл менаџмент“ ќе има учество од 51 процент во капиталот, а ТК Прилеп 49 проценти.

- Во име на компанијата „Филип Морис“ можам да потврдам дека за нас стратешкото партнерство со Тутунски комбинат од Прилеп претставува можност за унапредување на работата на компанијата во кластерот од Југоисточна Европа, изјави Маја Шотра, претставник на „Филип Морис“.

Компанијата, нагласи, е уверена дека основањето на новото друштво ќе ги унапреди деловните можности во оваа земја и ќе го засили присуството на „Филип Морис“ во регионот.

Премиерот Никола Груевски синоќа во Прилеп најави дека текстот на договорот е веќе усогласен и ќе биде потпишан по изборите, кога треба да биде формално одобрен од Собранието на акционери на прилепскиот Тутунски комбинат.

- Преговорите траеја неколку месеци, завршија и веднаш по изборите ќе се склучи договорот. Значи, најголемиот гигант во индустријата за производство на цигари влегува во Прилеп, нагласи Груевски.

Постигнатиот договор за заедничко вложување произлезе од објавениот повик за стратешко партнерство во јули минатата година.  Новоформираното друштво ќе биде одговорно за производство, дистрибуција, промоција и продажба на брендовите од заедничкото портфолио на домашниот пазар. Дополнително со договорот се обезбедува директен пласман на ТК Прилеп на значителни количини македонски ориентален тутун за потребите на „Филип Морис“.

- Со договорот за стратешко партнерство се обезбедуваат дополнителни средства за инвестиции, осовременување на производството и подобрување на продуктивноста на Тутунскиот комбинат Прилеп. Долгорочните ефекти од договорт  ќе биде стабилизирање на работењето на Тутунскиот комбинат Прилеп по што се очекува постепено да се трансформира во профитибилна компанија, рече Груевски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...