Поедноставено упатувањето на пациентите кај специјалист

Скопје, 17 април 2014 (МИА) - Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) го олесни начинот на упатување на осигурениците кај специјалист - субспецијалист.

Од Фондот информираат дека во случај кога пациентот ќе биде примен како итен случај, повеќе нема да има потреба да се грижи за административните работи, бидејќи здравствениот систем во негово име ќе ги заврши сите неопходни административни процедури.

Така, осигуреникот кој е примен како итен случај со упат од итната медицинска помош или од дежурна служба, повеќе нема потреба да оди кај матичниот лекар за упат, бидејќи специјалистот ќе креира специјалистички/субспецијалистички упат, кој ќе го потврди со свој потпис и факсимил.

Доколку специјалистот изврши само амбулантски преглед и нема потреба од болничко лекување, тогаш здравствената установа ќе ги фактурира здравствените услуги до Фондот, со  упатот издаден од специјалистот/субспецијалистот.

Во случај кога при прегледот ќе се утврдат индикации за болничко лекување, тогаш болничкиот упат ќе го креира специјалистот, а доколку смета дека  пациентот треба да биде испратен на понатамошни испитувања тогаш ќе даде интерспецијалистички упат, упат за радиодијагостика или упат за биохемиски лабораториски испитувања.

Со новиот начин на упатување, специјалист/субспецијалист за секој контролен преглед ќе издава специјалистички/субспецијалистички упат. Со тоа, истакнуваат од Фондот, повеќе нема потреба за сите следни контролни периодични прегледи да се препраќа осигуреното лице кај матичниот лекар.

- Досега овие контролни прегледи непотребно се закажуваа преку „Мој термин“ како нов преглед, со што се пролонгираше времето за чекање за контролен преглед. Важноста на специјалистичкиот/субспецијалистичкиот упат сега е една година, наместо како досега еден месец. Ова е големо олеснување за осигурениците со хронични заболувања кои се лекуваат амбулантски и нема веќе потреба секој месец да обезбедат упат од матичниот лекар. Такви заболувања се хемодијализа, вежби на вид, слух, говор и глас, хемотерапија и радиотерапија во дневна болница. Пружените здравствени услуги се фактурираат секој месец до Фондот со копија од првично издадениот упат, појаснува ФЗОМ во денешното соопштение.

По завршување на лекувањето, во рок од пет дена, пациентот треба да ја однесе цеокупната документација за лекувањето кај својот матичен лекар.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...