Во Бирмингем и Лондон во јадењата со јагнешко нема ниту грам јагнешко месо

Лондон, 17 април 2014 (МИА) - Британската агенција за стандарди во исхраната соопшти дека нејзиното истражување, направено во Бирмингем и во Лондон, откри нова измама кон домашните потропувачи.

Во готовите јадења, како јагнешко во кари, или јагнешки ќебап, што ги приготвуваат рестораните за брза исхрана, не е најдено ниту еден грам јагнешко месо.

При проверката, инспекторите откриле дека дури во 40 отсто од јадењата што требало да бидат со овој вид месо, немало никакви траги од јагнешко, а во другите тоа се наоѓало во минимални количини.

Наместо месо од јагне, откриено е најмногу говедско месо кое е поевтино, како и пилешко и мисиркино месо.

Истражувањето е направено на барање на Европската комисија, по минатогодишниот голем скандал со коњското месо, кога во меленото месо и во подготвените бургери наместо говедина, имаше коњско месо.

Поради откриената измама, големите трговски фирми и компаниите кои продаваат храна мораа да ја уништат сета готова храна и сите производи во кои неместо говедско месо, беше најдено коњско.

Британската агенција сега наложи проширување на истрагата низ земјата и на други јадења во кои треба да има јагнешко месо и за тоа ги овласти општинските власти.

Во Лондон, како и во Бирмингем каде има голема муслиманска заедница, производите од јагнешко месо се бараат и се трошат, па британските власти настојуваат да спречат нова афера во која се измамуваат потрошувачите.

Засега не е побарана интервенција на полицијата, ниту е отворена истрага, но сопствениците на рестораните за брза исхрана се предупредени дека ќе бидат казнувани со по пет илјади фунти, доколку кај нив се најдат јадења во кои нема јагнешко, а тие се декларирани дека содржат од овој тип месо.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...