УЈП ја објави листата на должници

Скопје, 11 јуни 2014 (МИА) - Управата за јавни приходи на својата веб страница ја објави првата листа на компании и граѓани кои на државата и должат парични износи по основ ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

На листата се имињата на физички лица и самостојни вршители на дејност на кои вкупниот износ на долгот им е повисок од 120.000 денари, како и на правни лица со долгови над 300.000 денари.

Доколку даночниот обврзник не се согласува со објавените податоци за долговите по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход и придонеси од задолжително социјално осигурување, може да се обрати до надлежната регионална дирекција на УЈП.

За објавените долгови по основ на акцизи, царини и ДДВ при увоз, граѓаните и фирмите можат да се обратат до Царинска управа на РМ-Одделение за наплата на приходи, буџет, гаранции и анализа (тел.02/3293 978 или 02/3293 971)

Објавувањето на листата на должници ќе се прави еднаш месечно, најдоцна до 10-ти во месецот.

На листата нема да се најдат  имињата на оние субјекти, односно на граѓани и компании кои навремено ги намириле своите своите обврски кон државата.

За секој должник ќе бидат исклучени долговите кои се утврдени со даночни акти, а за кои се води управна или судска постапка, како и долгови за кои е одобрено одложено плаќање.

Од УЈП нагласуваат ваквата мерка е во согласност со членот 9 од Законот за даночна постапка, чија цел е зајакнување на даночната дисциплина и заштита на буџетот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...