Mакедонските аеродроми со трипати поголем раст на патници од европскиот просек

Скопје, 18 јули 2014 (МИА) - „Александар Велики“ и „Св. Апостол Павле“, двата аеродрома менаџирани од „ТАВ Македонија“ и во првата половина од 2014 година продолжуваат со стабилниот раст на бројот на патници. Од јануари до јуни нивните услуги ги користеле 559.779 патници што е зголемување од 18,5 отсто во однос на лани, кога нивниот број беше 472.536.



- Додека во Европа порастот на бројот на патници е помеѓу пет и шест проценти македонските аеродроми во првите шест месеци од годината остварија зголемување што е трипати поголемо. „Визер“ отвори своја база на Скопскиот аеродром и со два авиона почна да лета до нови дестинации како Париз, Франкфурт, Брисел и Келн. Исто така, „Алиталија“ потворно ја отвори директната линија од Рим до Скопје. Од почетокот на годината до сега топ пет дестинации се Истанбул, Цирих, Виена, Лондон и Малме, посочи Зоран Крстевски, генералниот менаџер на „ТАВ Македонија“.

Тој прецизира дека во јуни минатата година услугите на македонските аеродроми беа искористени од 107.178 патници, додека во јуни годинава достигна 126.430 што е подобрување за 18 отсто.

- Како резултат на директните летови до многу дестинации од Скопскиот аеродром, бројот на патници, не само од Македонија, туку и од другите земји, е зголемен. Со цел да го одржиме растот на бројот на патници откако почнавме да ги менаџираме македонските аердроми, „ТАВ Македонија“ и „ТАВ аеродроми“, продолжуваат со промотивните и маркетинг активностите, потенцира Крстевски.

Подобрување, додаде, има и во делот со бројот на летови, односно движења на воздухоплови. Лани во јуни имало 1.176 полетувања и слетувања, а во јуни годинава, 1.342, што е пораст за 14 проценти. Во првите шест месеци од 2013 година, пак, имало 5.740 движења, а во периодот од јануари до јуни годинава тој број е 6.331, што е подобрување за 10 процентни поени.

Скопскиот „Александар Велики“ веќе два пати по ред ја освои наградата „најдобар аеродром во Европа“ во категоријата на аеродроми под два милиони патници што ја доделува Меѓународниот совет на аеродроми, глобалната платформа на оператори со аеродроми. Од „ТАВ Македонија“ велат дека ќе продолжат да работат напорно за да ја задржат лидерската позиција и постојано да го подобруваат нивото на услугите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...