„Винер лајф“ доби согласност за четврта емисија на хартии од вредност

Скопје, 21 јули 2014 (МИА) - Акционерското друштво за осигурување ВИНЕР ЛАЈФ-Vienna Insurance Group Скопје доби одобрение од Комисијата за хартии од вредност да издаде четврта емисија на долгорочни хартии од вредност по пат на приватна понуда.

Станува збор за 1.500 обични акции со вкупен износ на емисијата од 1.500.000 евра. Четвртата емисија на акции се врши по пат на зголемување на основната главнина на друштвото со парични влогови и е наменета за единствениот акционер Vienna Insurance Group AG Wiener Versiherung Gruppe, Австрија. Со оваа  емисија, како што информира КХВ, „Винер лајф“ има цел да изврши усогласување на работењето со Законот за супервизија на осигурување.

Поради постапување спротивно на Законот за преземање на акционерските друштва, на  Метал  Нет ДОО Куманово, Раде Кончар ТЕП ДООЕЛ Скопје и на Бобан Максимовски им е ограничено правото на глас и на дивиденда на обичните акции кои ги стекнале во Агрокуманово АД Куманово. Тие се задолжени во рок не подолг од шест месеци да ги отуѓат акциите.

Правото на глас и на дивиденда му е ограничено и на Блаже Филиповски за обичните акции кои ги стекнал во Технокомерц АД Скопје. Тој исто така е задолжен да ги продаде акциите.

На денешната седница дадена е и согласност Емилија Брљамова  да биде именувана за директор на Службата за услуги со хартии од вредност на НЛБ Тутунска банка АД Скопје со мандат од четири години. Брљамова  и  досега  ја  извршуваше оваа функција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...