Зголемен бројот на туристи во Грција

Атина, 23 јули 2014 (МИА) - Бројот на странски посетители на Грција во периодот јануари-мај годинава е зголемен за 17 проценти, надминувајќи три и пол милиони туристи, додека приходите од туризмот се зголемени за 10,6 проценти во споредба со истиот период лани, јави дописникот на МИА од Атина.

Овие податоци ги соопшти Банката на Грција, додавајќи дека бројот на туристи од ЕУ изнесувал два милиони и 69 илјади, односно за 18,7 проценти повеќе во споредба со истиот период минатата година.

Посетителите од трети земји се зголемиле за 14,7 проценти на еден милион и 497 илјади, додека туристите од земјите на еврозоната се зголемиле за 12,6 проценти.

Бројот на туристи од Германија паднал за 5,8 проценти, додека посетителите од Франција и Велика Британија се зголемиле за 13,9 и 25,5 проценти.

Туристите од Русија се зголемиле за 39 проценти, а од САД за 33,4 отсто. Приходите од туризмот од земјите-членки на ЕУ се зголемил за 14,5 проценти на 1,1 милијарди евра, додека приходите од други земји се зголемиле на 738 милиони евра, што е зголемување за 5,1 проценти во споредба со истиот период во 2013 година.

Грчкиот туристички биланс бележи суфицит од 1, 13 милијарди, што е зголемување за 6,7 проценти во споредба со истиот период минатата година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...