Оставка пред банкрот на Србија?

Министерот за финансии на Србија даде оставка бидејќи српската влада не сака драстично да ги намали пензиите и платите. Економските експерти сметаат дека има и други извори за заштеда, но се согласуваат дека со демагогија нема да се избегне банкрот.

Во момент кога владата на Србија конечно усвои важен пакет на реформски закони, следеше (не)очекувана оставка на министерот за финансии Лазар Крстиќ. Крстиќ се повлече од владата бидејќи не се прифатени неговите предлози за поостри мерки во јавните трошоци: намалување на пензиите за најмалку 20 отсто, платите во јавниот сектор 15 отсто, откази за 160.000 луѓе, зголемување на цената на електричната енергија за 30 отсто...

Премиерот Вучиќ тие мерки не ги прифати, што сега поранешниот министер ги коментира со зборовите како премиерот има меко срце и затоа има толкава поддршка од народот. Полуреформите, популизмот, недостигот на инвестиции и стопански раст, сето тоа може да заврши многу неславно за Србија, сметаат економските експерти со кои разговаравме.

Безобразни мерки на Крстиќ?

Предложените мерки на Лазар Крстиќ се најобичен безобразлук, смета Александар Стевановиќ од Центарот за слободен пазар. – Тоа што тој го предложи е сечење со секира по некои стекнати права. На нас ни требаат заштеди, но на нас не ни се потребни заштеди таму каде парите течат во стотици милиони евра, а за што никој не зборува. Државните банки мора да делат пријателски кредити и ете ви само тука половина милијарда чиста годишна заштеда – вели Стевановиќ.

А има и други работи: Треба да се престане со лудата политика на субвенции кои на големо се најавуваат. Потоа треба да се прекине со тајните договори кои нанесуваат огромна штета на Србија. На пример Ер Србија лани имаше загуба од 80 милиони евра, а тие се фалат со тоа. За другите тајни договори не смеам ни да помислам какви ќе бидат резултатите. Единствено што треба да се направи е да се отпуштат барем 150.000 партиски вработени луѓе од јавниот сектор. Тоа се вистински заштеди, а не братската економија и тајните договори да мора да ги плаќаат сиромашните пензионери и чесните работници кои се потребни на ова општество, смета Стевановиќ.

Мекото срце на премиерот

Иако Крстиќ со својата изјава дека премиерот има меко срце се обиде да го оправда премиерот, Билјана Степановиќ главна уредничка на весникот Нова економија, тоа сепак го смета за скандал: - Премиерот на една земја не е тука да има меко срце. Тој со меко срце оди да работи во некоја хуманитарна организација. Премиер на една земја како што е Србија мора да биде некој кој ќе повлекува многу тешки потези. Уште полошо е што премиерот призна дека не е во состојба да повлече потези кои мора да ги повлече. Претседателот на Владата мора да ни објави она што ќе го направи, бидејќи ние тој одговор не го добивме. Бесмислено е во таква состојба да се зборува за реформи – смета Билјана Степановиќ.

Сите политички актери објаснуваа на граѓаните дека оставката на Крстиќ била договорена. Поранешниот министер, некогаш славен како Вундеркинд, кој одел во угледното училиште Јеил треба да остане во Владата како советник на недефинирана позиција. Најавено е и дека ќе помага во ребалансот на буџетот иако не се согласува со мерките на премиерот. Но, таа слика на хармонија каква што сега ја шири Александар Стевановиќ се смета за луда. – Хармонија можете да имате меѓу играчи со еднакви вредности, а премиерот Александар Вучиќ сега е барем сто пати помоќен играч од Крстиќ. Крстиќ едноставно не сакаше да остане запамтен како министер за финансии на земја која е банкротирана и затоа на време се повлекува од таа позиција.

Законот за труд – позитивен чекор?

Како дел од пакетот реформи, а со тој дел изгледа се согласуваат сите во владата, е и Законот за труд. Синдикатите најавија протести и најавија генерален штрајк бидејќи сметаат дека ќе бидат препуштени на самоволието на работодавците. Нашите соговорници не го делат тоа мислење и новиот Закон за труд го сметаат за позитивен. – Според досегашниот закон, кога некого еднаш ќе го вработите практично повеќе не можете да го отпуштите – објаснува Билјана Степановиќ.

- Тоа доведе до тоа, приватните работодавци да избегнуваат да вработуваат работници за постојано и да бараат други модели. Промените на законот за труд инаку биле нешто и на што постојано инсистираа странските инвеститори – потенцира таа.

Дали сега, кога Законот е скроен според желбите на инвеститорот, навистина ќе стигнат и најавените инвестиции?

- Нема – сигурен е Александар Стевановиќ. – Можеби ќе имаме уште некои тајни деловни договори, но тоа не се инвестиции и подобро е тоа да го немаме. Можеме да очекуваме уште виртуелни инвестиции, како што беа Мубадала, Мерцедес, фабрика за чипови и слични работи. Можеме да очекуваме за релативно ситни пари да продадеме некои јавни компании кои не треба да се продаваат, а тука сериозни кандидати се Телекомот, аеродромот во Белград и Електростопанство на Србија – смета Стевановиќ.

Тој смета дека и оваа влада продолжи со погрешната политика на владата на демократската партија, не сфаќајќи дека проблемот на српската економија е во недостигот на раст, а не дефицитот. – Дефицитот е само последица. Сите бегаат во сива економија и ги затвораат работните места па дури и центарот на Белград е морничаво празен. Никој повеќе нема да се занимава со бизнис бидејќи не се исплатува. Работењето е премногу оптоварено, регулацијата е ужасна, даноците се високи на најниските плати и неспособноста да се пресметаме со партиската економија и партиското вработување кое го почна ДС, а СНС го продолжи – се се тоа постулати на поранешната политика која во лоши околности дава уште полоши резултати – заклучи Александар Стевановиќ.

Банкрот?

- Прогноза на Народната банка на Србија НБС е дека оваа година ќе има милијарда евра странски инвестиции, но јас не знам од каде тие ќе дојдат и во кои сектори. Бидејќи, тоа само го најавуваат, но не доаѓа – констатира Билјана Степановиќ. – Дури и таа минимална проекција да е точна, тоа е недоволно и помалку од инвестициите кои ги имавме претходните години.

Недоволно намалување на трошоците, никаков раст на стопанството и речиси непостоечки инвестиции: дали тоа е формулата која води во државен банкрот?

Јавноста до сега повеќе пати доцна дозна дека Србија веќе беше на граница на платежна неспособност. Александар Стевановиќ верува дека Србија со сигурен чекор чекори кон стечај и дека само прашање е на време кога меѓународната заедница ќе објави дека Србија е земја која не ги исполнува своите обврски. Со дефицит кој се ближи на износот од 10 отсто, тоа е неизбежно.

Дојче веле - Бон



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...