„Купи куќа - купи стан“ екстра атрактивен проект за граѓаните

Скопје, 23 јули 2014 (МИА) - Со последните промени во условите за проектот „Купи куќа - купи стан“ тој станува екстра атрактивен за граѓаните и очекувам дека значително ќе се зголеми побарувачката на овие кредити што се многу подобри од комерцијалните, изјави денеска премиерот Никола Груевски.

За новите поволности за „Купи куќа - купи стан“ Собранието пред една недела усвои законски измени, со кои се изврши дополнително намалување на каматната стапка. За субвенционираниот станбен кредит од проектот намалени се каматните стапки од 4,99 проценти на 3,95 проценти за првите три години од отплатата на кредитот и од 5,5 проценти на 4,44 проценти, за четвртата и петтата година, за моделот кај кој се субвенционира дел од месечниот ануитет.

Намалувањето на каматната стапка, нагласи Груевски, дополнително ќе им помогне на граѓаните. - Пресметката е дека ако земат стан или градат куќа во вредност од околу 50 илјади евра само ова намалување ќе направи дополнителна заштеда од околу 1.800 евра. Во однос на комерцијалните цени заштедата е некаде помеѓу две илјади до три илјади евра, рече Груевски, одговарајќи на новинарски прашања, при увидот на изградбата на автопатот Миладиновци-Свети Николе-Штип.

Според Груевски, подобрените услови се сериозна помош за оние кои немаат многу средства и сакаат да дојдат до одреден износ за да уплатат стан и потоа да ги плаќаат ратите за главницата и за каматата. 

- Ова ќе даде дополнителен импулс и на градежниот сектор, но што е најважно ќе помогне на многу семејства да дојдат до стан или да изградат сопствена куќа, изјави Груевски.

Владата,  потсети, и претходно во неколку наврати изврши подобрување на условите и давање пристап на поголем круг лица да можат да аплицираат. Со законски измени се овозможи добивање субвенциониран станбен кредит и за лица кои имаат во сосопственост најмногу до половина стан односно куќа стекнати по основ на наследство.  Се зголеми и прагот на максималните месечни приходи, еден од условите за добивање субвенција, од 900 на 1.300 евра за лицата кои се во брачна заедница.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...